Macedonian 14

  • ㆍISBN : 9788928240524
  • ㆍPáginas : 322

Paul C. Jong Духовен Раст Серија 3 - Прво Послание на Јован (I)

Paul C. Jong

Апостол Јован е еден од најголемите духовни водачи во Христијанството. Сите три посланија што ги напишал, сè уште ја сведочат најопштата и духовната Вистина на светиите во Божјата Црква. Но, постојат некои пасуси што ни е тешко да ги протолкуваме и разбереме.
Можеме да го дадеме 1 Јован 1: 8 како прв пример за тешките пасуси во Јовановите Посланија: „Ако кажеме дека немаме грев, се залажуваме себеси, и вистината не е во нас’. Овој пасус е тешко разбирлив, особено кога ќе го примениме на верниците во евангелието за водата и Духот.
Вториот пример е 1 Јован 1: 9, „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не очисти од секоја неправедност’. Ова е еден од најчесто цитираните пасуси кога грешниците се обидуваат да ја претстават библиската основа на своите покајни молитви. Тогаш, дали овој пасус значи дека грешниците треба да ги исповедаат своите гревови за да им бидат простени за сторените гревови? Или, дали тоа значи дека праведниците што веруваат во евангелието за водата и Духот треба да ги признаат своите гревови? Треба да веруваме во овој пасус според толкувањето на Светиот Дух, Авторот на Библијата и според намерата на Апостол Јован.
Трет пример е тежок пасус е 1 Јован 2:22, "Кој е лажливец, освен тој што негира дека Исус е Христос? Тој е антихрист кој ги негира Отецот и Синот". Овој пасус зборува за тоа кои се непријателите на Бога. Овој стих појаснува дека непријателите на Бога се оние кои не веруваат дека Исус е Бог. И ова исто така значи дека тие не го одобруваат Таткото на Исус Христос како Бог.
Четвртиот е 1 Јован 3: 6 во кој се вели: „Кој живее во Него, не греши. Кој греши, не Го видел ниту Го познал’. Овде, кога ќе ја видиме фразата „Кој останува во Него’, овој пасус им се дава на праведниците кои се очистиле од сите нивни гревови верувајќи во евангелието за водата и Духот. Праведните не можат да ги негираат своите вери во никакви околности затоа што веруваат во вистинското евангелие. Може ли да има некои што навистина не прават гревови со своето тело? Секој греши. Но, верниците во евангелието за водата и Духот не можат да направат таков грев како негирање на вистинското евангелие.

Audiolivro
undefined
Devido ao COVID-19 e à interrupção do Serviço de Correio Internacional,
suspendemos temporariamente o nosso 'Serviço de Impressão Gratuita de Livros'.
Diante dessa situação, não podemos enviar os livros para você neste momento.
Ore para que esta pandemia termine em breve e retorne o serviço postal.