• 所有新生命宣教會 The New Life Mission 網站上的電子書和有聲書均可免費下載
  • 探索以多種語言提供的全球性講道
  • 查看我們已翻譯成27種語言的網站
  • 第1、2卷新修訂版已全新推出
Search

免費電子書和有聲讀物

約翰一書

馬其頓語  15

Paul C. Jong Духовен Раст Серија 4 - Прво Послание на Јован (II)

Rev. Paul C. Jong | ISBN 9788928240579 | 頁碼 360

下載免費電子書和有聲讀物

選擇您喜歡的文件格式,安全下載到手機、電腦或平板電腦,隨時隨地閱讀和收聽講道集。所有電子書和有聲讀物都完全免費。

您可以通過下方播放器收聽有聲讀物。🔻
擁有平裝書
在亞馬遜購買平裝書
Содржина
 
Предговор 

ПОГЛАВЈЕ 3
1. Нашиот Бог Кој Дојде Кај Нас со Aгапе (Безусловна) Љубов (1 Joван 3:1-8) 
2. Каков Вид на Грев не Смееме да Правиме Пред Бога? (1 Joван 3:9-16) 
3. Тој Што ги Држи Божјите Заповеди Останува во Него (1 Joван 3:17-24) 

ПОГЛАВЈЕ 4
1. Тестирајте ги Духовите Без Разлика Дали Тие се од Бога (1 Joван 4:1-6) 
2. Kако Треба да Живееме од Сега Натаму?(1 Joван 4:7-13) 
3. Ние Мора да Останеме во Љубовта на Бога (1 Joван 4:16-21) 

ПОГЛАВЈЕ 5
1. Која е Вистината Која не Ослободува од Сите Наши Гревови? (1 Joван 5:1-4) 
2. Кој Е Роден од Бога? (1 Joван 5:4-8) 
3. Во Што Веруваме? (1 Joван 5:1-11) 
4. Која е Вистината Што не Избави од Сите Наши Гревови? (1 Joван 5:1-12) 
5. Конкретното Сведоштво Што не Спасува од Сите Наши Гревови (1 Joван 5:8-13) 
6. Ако Некој Брат Направи Грев Што не Води во Смрт, Побарајте од Бога да го Задржи во Живот (1 Joван 5:16-19) 
7. Тој Е Вистински Бог и Вечен Живот (1 Joван 5:20) 
8. Иако Секогаш Можеме да Бидеме Несовршени, Божјата Совршена Љубов не Избави од Гревовите на Светот (1 Joван 5:1-21) 
 
Апостол Јован е еден од најголемите духовни водачи во Христијанството. Сите три посланија што ги напишал, сè уште ја сведочат најопштата и духовната Вистина на светиите во Божјата Црква. Но, постојат некои пасуси што ни е тешко да ги протолкуваме и разбереме. Можеме да го дадеме 1 Јован 1: 8 како прв пример за тешките пасуси во Јовановите Посланија: „Ако кажеме дека немаме грев, се залажуваме себеси, и вистината не е во нас’. Овој пасус е тешко разбирлив, особено кога ќе го примениме на верниците во евангелието за водата и Духот. Вториот пример е 1 Јован 1: 9, „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не очисти од секоја неправедност’. Ова е еден од најчесто цитираните пасуси кога грешниците се обидуваат да ја претстават библиската основа на своите покајни молитви. Тогаш, дали овој пасус значи дека грешниците треба да ги исповедаат своите гревови за да им бидат простени за сторените гревови? Или, дали тоа значи дека праведниците што веруваат во евангелието за водата и Духот треба да ги признаат своите гревови? Треба да веруваме во овој пасус според толкувањето на Светиот Дух, Авторот на Библијата и според намерата на Апостол Јован. Трет пример е тежок пасус е 1 Јован 2:22, "Кој е лажливец, освен тој што негира дека Исус е Христос? Тој е антихрист кој ги негира Отецот и Синот". Овој пасус зборува за тоа кои се непријателите на Бога. Овој стих појаснува дека непријателите на Бога се оние кои не веруваат дека Исус е Бог. И ова исто така значи дека тие не го одобруваат Таткото на Исус Христос како Бог. Четвртиот е 1 Јован 3: 6 во кој се вели: „Кој живее во Него, не греши. Кој греши, не Го видел ниту Го познал’. Овде, кога ќе ја видиме фразата „Кој останува во Него’, овој пасус им се дава на праведниците кои се очистиле од сите нивни гревови верувајќи во евангелието за водата и Духот. Праведните не можат да ги негираат своите вери во никакви околности затоа што веруваат во вистинското евангелие. Може ли да има некои што навистина не прават гревови со своето тело? Секој греши. Но, верниците во евангелието за водата и Духот не можат да направат таков грев како негирање на вистинското евангелие.
更多

與該標題相關的書籍

The New Life Mission

參加我們的調查

您是如何得知我們的?